Ало докторе - Google ќе ве лечи преку интернет

Објавено на 13.10.2014 во Новости



Ало докторе - Google ќе ве лечи преку интернет

Google промовираше нова алатка со која ќе може директно да се поврзете со доктор преку вашиот смартфон или декстоп компјутер. Преку внесените термини на симптомите во Google Search ќе биде пронајден соодветен специјалист со кој ќе може да воспоставите видео повик и да добиете совети за вашето здравје.
 
 
Поврзувањето со стручни медицнски лица одреден период ќе биде бесплатно, а откако ќе истече промоцијата ќе треба да платите надомест за видео преглед на доктор. Листата на медицински лица е отворена и своите услуги може да ги понуди секој кој ги исполнува техничките услови.