Зар и ти сине Бруте - Lenovo со копија на iPhone 6

Објавено на 14.10.2014 во Новости



Зар и ти сине Бруте - Lenovo со копија на iPhone 6

Трендот на копирање на дизајнот на Apple од страна на кинеските брендови продолжува, а овој пат „крадецот“ е Lenovo кој наскоро ќе лансира копија на iPhone 6. Претходно беа откриени копии на Samsung Galaxy Note 4 и HTC One M8 кои се уште не се промовирани пред јавноста, па можеби станува збор за двоумење на Lenovo дали да тргне по патот на GooPhone со клонови на познатите смартфони.
 
 
Копијата на iPhone 6 е откриена под името Lenovo Sisley и има многу сличен дизајн со тенко тело и речиси идентични заоблени рабови, како и слични линии на предната страна, два звучника на дното и слична поставеност на камерата на задната страна.
 
 
Lenovo Sisley се претпоставува дека ќе има главна камера од 13 и предна камера од 8 мегапиксели, додека телото ќе биде исто така тенко како iPhone 6 со 6.9 милиметри. Lenovo е четвртиот најуспешен производител на смартфони во светот, па ваква авантура воопшто не им е потребна.
 




Прочитајте повеќе: