Motorola Moto G се појави со Android L

Објавено на 14.10.2014 во Новости



Motorola Moto G се појави со Android L

Motorola Moto G е најновиот смартфон кој успешно работи со Android L, покрај Nexus 4 и Samsung Galaxy S5, со што повторно добиваме можност да видиме дел од новитетите во оперативниот систем. Ова е одлична вест бидејќи остава простор Android L да пристигне кај поголем број на евтини смартфони со поскромни хардверски компоненти, а Google даде ветување дека перформансите нема да претрпат никакви компромиси.
 
 
Motorola Moto G работи на четири-јадрениот Snapdragon 400 процесор со 1 GB RAM и 16 GB меморија што е доволно за ефикасно спроведување на сите операции, а софтверската надградба ќе ја подобри искористеноста на батеријата и вкупните перформанси.

Android L наскоро ќе пристигне со неколку нови Nexus смартфони и таблети и повеќе детали ќе откриеме во наредните денови, а дотогаш погледнете како Motorola Moto G се справува со новиот софтвер.
 
Автор: Aleksandar Stankov