Евтиниот Sony Xperia E3 со батерија на врвно ниво

Објавено на 15.10.2014 во Новости



Евтиниот Sony Xperia E3 со батерија на врвно ниво

Sony Mobile повторно го пофали својот квалитетен смартфон од средната класа Sony Xperia E3 кој има речиси идентична издржливост на батеријата како двата премиум модели Sony Xperia Z3 и Sony Xperia Z3 Compact кои може да работат над 9 часа со активно користење.
 
 
Во нашиот тест на Sony Xperia E3 можевме да се увериме во тврдењето на Sony Mobile бидејќи смартфонот без никакви проблеми може да издржи повеќе активности во текот на два дена со само едно полнење. 
 
 
Sony Xperia E3 има батерија со помал капацитет од 2330 mAh, но е еден од најдобрите во средната класа бидејќи WVGA дисплејот и хардверот со поскромни компоненти не трошат премногу енергија.