5G мрежата на Samsung збесна - Рекорд од 7.5 Gbps

Објавено на 15.10.2014 во Новости



5G мрежата на Samsung збесна - Рекорд од 7.5 Gbps

Samsung започна со првите експерименти со 5G технологијата кои уште на старт прикажаа импресивни резултати, па така фиксната станица достигна неверојатна брзина од 7.5 Gbps пренос на податоци, додека пак мобилната станица во движење се стабилизираше со пренос на податоци со капацитет од 1.2 Gbps.
 
Според одделот за развој и иновации на Samsung овие рекoрдни резултати се остварени со користење на френкфенција од 28 GHz која успешно ја стабилизирале и конекцијата е постојана без прекини, а наскоро ќе се реши и прашањето на дометот бидејќи за почеток тој е органичен на неколку километри. 
 
Целиот тест изгледа фантастично и презентацијата на можностите на 5G технологијата на Samsung може да ја погледнете во продолжение.