Апликација на денот - Згответе македонски деликатес со Рецептко

Објавено на 16.10.2014 во Македонски апликации



Апликација на денот - Згответе македонски деликатес со Рецептко

Продолжуваме со серијалот на рецензии на македонски апликации, па редно време е да посветиме и внимание на нашата традиционална и вкусна кујна, каде сите специјалитети и јадења може да ги научите преку апликацијата Рецептко.
 
 
За да не ја барате баба ви постојано на телефон кога сакате да зготвите некој нов специјалитет може да ги користите упатствата од апликацијата Рецептко кои се прегледени, детални и се наведени сите потребни состојки. За пофалба е што покрај македонските рецепти, додадени се и голем број на деликатеси од интернационалната гастрономија.
 
 
Рецепти може да најдете и за десерти, најпопуларните сосови како бешамел и болоњезе, потоа имате избор на подготoвка на многу салати од зеленчук, но и од празнични салати со повеќе состојки.
 
 
Наша забелешка за Рецептко се печатните грешки кои може да се најдат на повеќе рецепти, како и недостигот на повеќе слики за дообјаснување на процедурите на готвење на посложени деликатеси, па се надеваме дека во некоја од наредните надградби апликацијата ќе се подобрува.
 
 
Рецептко е бесплатна за инсталирање и користење за Android и може да ја најдете во Play Store и со 7 MB воопшто не зафаќа простор. Во следните недели ќе продолжиме со анализа на најдобрите македонски апликации, како и споредба на сервиси од иста категорија, па ќе биде интересно Рецептко да се спореди со останатите апликации за храна и готвење.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ