Наскоро Gmail 5.0 - Ќе работи и со Yahoo и Outlook профили

Објавено на 20.10.2014 во Новости



Наскоро Gmail 5.0 - Ќе работи и со Yahoo и Outlook профили

Познати се речиси сите новитети во најновата верзија на Android 5.0 Lollipop како што е новиот Material Design со кој ќе бидат опфатени и сите основни апликации на Google, меѓу кои Chrome, Play Store, Messenger, Hangouts, а на листата секако е и Gmail. Тоа што е најпривлечно во новата верзија не е само промената на основниот дизајн, туку и додавање на повеќе функции како што е можноста за синхронизација со сите email профили кои ги имате меѓу кои и сервисите на Yahoo и Outlook.
 
 
Android Authority откри промотивно видео во кое е прикажана можноста преку Gmail апликацијата да ги внесете и профилите на Yahoo и Outlook со што на едно место ќе може да управате со сите пораки, контакти и креирани настани.
 
 
На овој начин нема да се мачите со отворање на две или три посебни апликации на смартфонот за проверување на сите mail профили, туку преку Gmail тоа ќе го добиете на едно централизирано место. За пофалба е и новиот дизајн на Gmail 5.0 со одличен приказ на профилите на контактите, лесен интерфејс за навигација низ сите сегменти како inbox, sent, draft и другите фолдери, како и побрзо реплицирање на пристигната порака. 
 
 
Главните фолдери се сместени во мени за брз пристап од левата страна, а на горната страна се наоѓаат иконите за промена на профилот од Gmail во Yahoo и Outlook. За користење на новата Gmail апликација најверојатно нема да има потреба од чекање до пласманот на Android 5.0 Lollipop на вашиот уред, туку наскоро се очекуваа таа да пристигне во Play Store од каде ќе може да ја извршите надградбата.