PlayStation 4 ќе се игра и на Sony Xperia Z2

Објавено на 21.10.2014 во Новости



PlayStation 4 ќе се игра и на Sony Xperia Z2

При промоцијата на Sony Xperia Z3 новата серија на смартфони и таблети Sony Mobile големо внимание посвети на новитетот Remote Play кој овозможува пренос на PlayStation 4 игрите и поврзување со DualShock 4 контролорот. Сега, според најновите информации се открива дека оваа опција ќе биде достапна и за постарите модели од серијата Sony Xperia Z2.
 
 
Сервисот Remote Play ќе биде активен од почетокот на ноември и претпоставувавме дека со текот на времето ќе пристигне и кај постарите Xperia смартфони и таблети, но очигледно е дека Sony не сака да го заборави големиот број на корисници. Со Remote Play може да ја пренесете играта од PlayStation 4 со што смартфонот или таблетот ќе ви послужи како резервен екран.