Samsung Galaxy Note 4 - Уметност на фаблет

Објавено на 24.10.2014 во Новости



Samsung Galaxy Note 4 - Уметност на фаблет

Samsung Galaxy Note 4 без сомневање е еден од најкорисните големи смартфони на пазарот, благодарение на функционалното S пенкало кое сега има дополнителна сензитивност, како и на напредниот софтвер за мултитаскинг со можност за работа на две апликации во исто време.
 
 
Спојот на овие две функции најдобро е покажан во двете нови реклами за Samsung Galaxy Note 4 во кои се ангажирани уметници кои создадоа вистински ремек дела користејќи ја апликацијата за цртање и S пенкалото. 
 
 
Џон Бургерман и Џанин Ревел најпрво ицсртаа мурали на голема стаклена површина, а потоа истите дела ги креираа и на Samsung Galaxy Note 4 со неверојатна прецизност и деталност.