Nokia не е мртва - Се враќа и тоа со Android

Објавено на 27.10.2014 во Новости



Nokia не е мртва - Се враќа и тоа со Android

Финскиот бренд се согласи на продажба на мобилниот сектор на Microsoft со што се откажа од користење на брендот Nokia Lumia за серијата на смартфони, но јасно е дека во Финска постои големо незадоволство што можеби во иднина ќе резултира со враќање на компанијата на пазарот со нови уреди.
 
 
Nokia станува се поблиска до Google со лансирање на мапите HERE за Android, како и со Launcher Z новиот интерфејс и организациски лаунчер кој исто така е наменет за платформата на Google. Тоа сосема јасно укажува дека Nokia ќе му сврти грб на Microsoft и Windows Phone. 
 
 
Компанијата не смее во наредните години да продава телефони под името Nokia, но тоа не ги спречува да лансираат смартфони под друго име и со друг оперативен систем (Android), а на расплагање им се и Nokia X и Asha телефоните од ниската класа. 
 
 
Бидејќи долго време ги следиме односите меѓу Nokia и Microsoft нашата анализа предвидува дека за почеток финците ќе лансираат евтини Android телефони, за постепено да се вратат во премиум сегментот со супер квалитетни смарфони. 
 
 
Брендот и именувањето ќе бидат сосема нови, но сите купувачи ќе знаат дека станува збор за Nokia телефони, што е и најважно, додека пак Microsoft досегашната Lumia серија и сите наредни смартфони ќе ги преименува и ребрендира, а ќе ги користи ресурсите, патентите и знаењето на Nokia и така и двете компании ќе бидат задоволни.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ