Дали е можно - Oppo R5 со тело од само 4 милиметри

Објавено на 29.10.2014 во Новости



Дали е можно - Oppo R5 со тело од само 4 милиметри

Oppo ќе се потруди да се пробие во премиум класата со иновативниот Oppo N3, но тоа што сега повеќе го одзема вниманието е информацијата дека во подготовка е уште еден смартфон, Oppo R5 кој ќе биде новиот рекордер со тело од само 4 милиметри. За споредба најтенкиот смартфон Gionee Elfie S5.1 има тело од 5.1 милиметар, што за Oppo ќе биде значаен пробив.
 
 
Секако, се поставува прашањето дали навистина толку тенок смартфон ќе биде функционален, колку ќе издржува тенката батерија, дали ќе се превиткува лесно? Доколку Oppo R5 ги совлада овие предизвици ќе биде еден од најатрактивните смартфони.
 
Oppo R5 можно е е да се појави уште утре заедно со N3 и за него се претпоставува дека ќе има 5.5 инчен Full HD дисплеј, 64 битен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 615 процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија и 13 MP камера.