Претставен Oppo N3 - Иновативна покана за сите

Објавено на 29.10.2014 во Новости



Претставен Oppo N3 - Иновативна покана за сите

Oppo продолжува да не импресионира со иновативните смартфони, претставувајќи го N3, вториот по ред смартфон со ротирачка камера. Oppo N3 ги задоволува сите стандарди во премиум класата и ќе чини 649 долари. Претставен е и ултра тенкиот R5 кој беше откриен со неверојатно тенко тело од 4.85 милиметри и нашиот претходен извештај беше официјално потврден, но сега во фокусот на вниманието ни е одличниот Oppo N3.
 
 
Кај Oppo N3 најпрво ќе ја забележите камерата од 16 мегапикселната камера која автоматски ротира свртена према предната или задната страна со што ќе може да правите совршени слики во сите ситуации, а истовремено ова е и најдобриот начин за селфи фотки со висок квалитет. 
 
 
Камерата има и двоен LED блиц, со повеќе режими на сликање како Normal, Ultra-HD, Colorful Night, Beautify, HDR, Panorama, Audio Photo, GIF mode, Double Exposure, Auto Panorama, Super Marco, After Focus, и Raw.
 
 
Oppo N3 е супер смартфон со 5.5 инчен Full HD дисплеј со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 801 процесор од 2.5 GHz, Adreno 330 графичка, 2 GB RAM, 32 GB меморија која може да се надополни со microSD картичка до 128 GB, одлична батерија со капацитет од 3000 mAh, LTE конекција, додека пак софтверот е составен од Color OS интерфејсот базиран на Android 4.4 KitKat.
 
 
Во пакетот се вклучени и слушалки, O-Click додаток за лоцирање на смартфонот, како и VOOC mini адаптер за супер брзо полнење на батеријата. Димензиите на Oppo N3 изнесуваат 161.2 × 77 × 8.7 mm и тежи 192 грама.