Tylt со нови безжични автомбилски полначи

Објавено на 30.10.2014 во Додатоци



Tylt со нови безжични автомбилски полначи

Tylt промовираше два нови безжични полначи за смартфони со голем екран кои може да ги користите и во вашиот автомобил. Претставени се моделите VÜ SOLO и VÜ Car Mount кои се компатибилни со сите смартфони кои може да се полнат безжично преку Qi стандардот како новите Nexus 6 и Motorola Droid Turbo.
 
 
VÜ SOLO чини само 40 долари и се поврзува преку microUSB, ALIN систем за правилно поврзување со смартфон со кој всушност се добива контакт со магнетниот конектор. Обезбедува полнење од 1 ампер и 5 вати моќност.
 
 
VÜ Car Mount е нешто поскап со 80 долари но, нуди поголема површина за сместување на големи смартфони како Samsung Galaxy Note 4, со држач кој е мобилен и може да го ротирате во различни позиции.