HTC со најдобра надградба на смартфони

Објавено на 30.10.2014 во Новости



HTC со најдобра надградба на смартфони

По одредено време секој корисник сака да го надгради својот смартфон и да ги добие последните софтверски и хардверски новитети. Доколку имате дилеми како да го сторите тоа HTC има одличен одговор, се што треба да направите е да го препуштите смартфонот на Дејвид Брус кој ќе ги спроведе сите операции и екстремно ќе ги „подобри“ функциите и изгледот на вашиот стар телефон.

Сепак, за да не експериментирате најдобро е да го надградите вашиот смартфон со тоа што ќе купите модел од поновата генерација, а HTC на располагање има неколку одлични избори како премиум моделот HTC One M8, селфи рекордерот HTC Desire Eye, потоа фаворитот во средната класа HTC Desire 610 и мини моделот од 4.5 инчи HTC One Remix.