HTC Desire 820s е помоќен и поголем со пониска цена

Објавено на 04.11.2014 во Новости



HTC Desire 820s е помоќен и поголем со пониска цена

Како што очекувавме HTC започна да ја открива новата Desire серија која ќе биде помоќна и ќе понуди поголем квалитет во средната класа. Прв смартфон кој е официјален е HTC Desire 820s опремен со новиот 64 битен Mediatek процесор со осум јадра од 1.7 GHz.
 
 
HTC Desire 820s нуди и голем 5.5 инчен HD дисплеј кој ќе биде сосема доволен за користење на мултимедијални содржини, додека пак хардверот е надополнет со Mali T760 GPU, 2 GB RAM, 16 GB меморија, како и 13 мегапикселна камера, 8 мегапикселна селфи камера, стерео звучници и LTE конекција.
 
 
Цената на HTC Desire 820s се уште не е откриена, но претпоставуваме дека ќе се движи до 250 долари, што беше и главната цел на компанијата за спротиставување на евтините кинески смартфони. HTC Desire 820s заедно со останатите нови Desire смартфони го очекуваме до крајот на годината.