Sony Xperia Z2 доби огромни подобрувања - Еве што е ново

Објавено на 05.11.2014 во Новости



Sony Xperia Z2 доби огромни подобрувања - Еве што е ново

Премиум смартфонот од првата половина на 2014 година Sony Xperia Z2 не е заборавен и Sony Mobile ја лансираше досега најголемата надградба која носи многу подобрувања и нови фунции. Најважно од се е што софтверот е обновен со последната достапна верзија на Android 4.4.4 KitKat, што остава простор и за надградбата со Android 5.0 Lollipop закажана за јануари 2015 година.
 
PlayStation 4 ќе се игра и на Sony Xperia Z2
 
Во софтверскиот пакет е вклучена апликацијата Remote Play која овозможува продолжување на игрите на смартфонот од PlayStation 4 и исто така може да го користите DualShock 4 котролерот. Sony Xperia Z2 добива големи подобрувањa при слушање музика со Hi-Res Audiо Playback стандардот, како и DSEE HX алатка за зголемување на квалитетот на траки кои се премногу компресирани.
 
 
Корисниците на Sony Xperia Z2 добиваат и подобрување на камерата со новите или надградени алатки во интерфејсот како Sound Photo, AR Fun, Multi Camera и Face In. Батеријата на Sony Xperia Z2 сега ќе покаже многу подобри перформанси бидејќи може да го користите режимот на работа Ultra Stamina Mode кога енергијата е на ниско ниво. 
 
 
Во поврзувањето со останати уреди како смарт часовници и смарт алки подобрен е Bluetooth стандардот и Sony Xperia Z2 веднаш ги препознава, а нив може да ги користите и за отклучување на смартфонот. 
 
 
Smart Screen Rotation е уште една опција пренесена од Sony Xperia Z3 со која се утврдува вашата положба кога го користите смартфонот и спречува негово непотребно прeфрлување на екранот во „портрет“ приказот за да продолжите со читање, пишување пораки или сурфање на интернет.