Lumia 735 е првиот тест смартфон за Microsoft
Објавено на 06.11.2014 во Новости
Microsoft конечно го отстрани брендот на Nokia од сите Lumia смартфони и ќе мора да ги убеди корисниците дека ќе го одржи истото ниво на квалитет. Меѓу првите смартфони кои ќе пристигнат со ново лого е Lumia 735 кој ќе биде повеќе како тест уред и нема да донесе значајни подобрувања, но бидејќи има нешто пониска цена од околу 300 долари ќе биде интересен за купувачите и пост-пејд понудата.
Microsoft Lumia 735 има 4.7 инчен 720p HD дисплеј, работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, microSD слот, 6.7 MP камера, батерија со капацитет од 2,200 mAh, додека пак софтверот разбирливо е составен од новиот оперативен систем Windows Phone 8.1.
Microsoft Lumia 735 ќе биде лансиран до крајот на годината и за почеток ќе биде понуден за американскиот оператор Verizon, а корисниците во Европа може да го порачаат од Amazon по цена од околу 280 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.