Oppo U3 е уште една кинеска мобилна атракција

Објавено на 06.11.2014 во Новости



Oppo U3 е уште една кинеска мобилна атракција

Oppo U3 ќе биде уште еден привлечен смартфон од амбициозниот кинески бренд кој следи веднаш по промоцијата на иновативниот Oppo N3 и најтенкиот смартфон на светот Oppo R5 со тело од само 4.85 милиметри. Oppo U3 се појави на GFXBench сајтот за мерење на перформанси ос привлечни компоненти, што асоцира дека неговата цена нема да надмине повеќе од 300 долари.
 
 
Oppo U3 би требало да атакува на средната класа со помоќни компоненти како 4.6 инчен Full HD дисплеј, осум-јадрен MediaTek процесор од 1.7 GHz, ARM Mali-T760 графичка, 2 GB RAM, најмалку 4 GB меморија, 12 MP главна камера, батерија со капацитет од околу 2500 mAh, додека пак за оперативниот систем ќе биде искористена верзијата Android 4.4.4 KitKat.