Microsoft откри топла вода со Lumia 535

Објавено на 09.11.2014 во Новости



Microsoft откри топла вода со Lumia 535

Постои една чуден тренд сите необјавени смартфони на Nokia кои беа откажани во последен момент одново да се откриваат, само затоа што Мicrosoft го смени логото и брендот на финските телефони. Најнов меѓу нив е Lumia 535 кој беше очекуван уште на почетокот на летото и беше планиран како обновување на евтината Windows Phone 8.1 понуда со цена од околу 150 долари.
 
 
Ако ништо друго барем се потврдуваат првите извештаи за спецификациите на Lumia 535 со 4 инчен qHD дисплеј со резолуција од 540 x 960 пиксели, четири-јадрен Snapdragon 200 процесор од 1.2 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија, батерија од 1900 мАh, 5 MP камера, 3G коненкција и шаренолик изглед со црна, бела, сива, сина, портокалова и зелена боја на маската.
 
 
Lumia 535 ќе носи логото на Microsoft и пласманот на овој евтин смартфон се очекува кон крајот на 2014 година. Освен во САД Microsoft Lumia 535 треба да пристигне и на европските пазари каде имаше солиден интерес за претходните модели од оваа серија.




Прочитајте повеќе: