Прва Lumia без Nokia - Ќе ја фати ли Microsoft финската магија

Објавено на 11.11.2014 во Новости



Прва Lumia без Nokia - Ќе ја фати ли Microsoft финската магија

Microsoft Mobile новата компанија создадена со преминот на мобилнат дивизија на Nokia и официјално го претстави новиот смартфон Microsoft Lumia 535 како прв со новото лого, на кое сосема очекувано ќе недостасува финскиот бренд. Како што споменавме и претходно ова не е некаков нов продукт и не нуди никаква спектакуларна иновација, што значи дека белегот на Nokia е очигледен, но прашање е како ќе го искористи сето тоа Microsoft.
 
 
Ние очекувавме нов премиум Windows Phone 8.1 смартфон како Lumia 1030 но, наместо тоа добиваме замена за евтината понуда во основната класа со Microsoft Lumia 535. Станува збор за 5 инчен смартфон со qHD дисплеј, кој работи на четири-јадрен Snapdragon 200 процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, слот за microSD картичка, 5 мегапикселна камера, како и батерија со капацитет од 1905 mAh.
 
 
Microsoft Lumia 535 ќе биде насочен кон помладата популација па затоа и ќе понуди голем број на бои за маската, а неговите димензии изнесуваат 140.2 x 72.4 x 8.8 милиметри и тежи 146 грама. Microsoft Lumia 535 се очекува да пристигне на сите светски пазари по цена од околу 150 евра.