Не е ниту Galaxy Note, ниту iPhone 6 - Шампионот е...

Објавено на 13.11.2014 во Новости



Не е ниту Galaxy Note, ниту iPhone 6 - Шампионот е...

На прашањето кој е најдобар смартфон во светот во овој момент тешко е да се даде точен одговор бидејќи одлични перформанси прикажаа Samsung Galaxy Note 4, iPhone 6, Sony Xperia Z3, HTC One M8, Samsung Galaxy S5 и LG G3, но одговорот не е ниту еден од нив, бидејќи според резултатите на antuntu апсолутен шампион е големото изненадување Meizu MX4.
 
 
Според самите тестови кои ги прават корисниците Meizu MX4 досега ги прикажал најдобрите резултати на бенчмарк сајтот, победувајќи ја конкуренцијата, што говори дека има одлична оптимизација на хардверот и софтверот и работи како подмачкан.
 
 
Meizu MX4 всушнот го одржува првото место речиси цела година и ниту Samsung Galaxy Note 4 не успеа да го симне од врвот кој е втор и заостанува со 170 поени. Meizu MX4 располага со 5.4 инчен HD дисплеј со резолуција од 1152 x 1920 пиксели, осум-јадрен Mediatek процесор од 2 GHz, 2 GB RAM, 16 или 32 GB меморија, 20.7 MP камера, како и батерија од 3100 mAh. Купувачите надвор од Кина може да го порачаат за цена од околу 400 евра.