Samsung има јако Flow - Поврзани сите Galaxy уреди

Објавено на 13.11.2014 во Новости



Samsung има јако Flow - Поврзани сите Galaxy уреди

Samsung го најави Flow новиот систем за синхронизирање на работата на Galaxy уредите од еден во друг, со продолжување на прегледот на интернет страни од смартфон на таблет, прифаќање на телефонски повик на смарт часовникоѕ Gear S и завршување на сите задачите без прекин.
 
 
Со Samsung Flow не треба да се грижите дека одреденa зачада нема да ја завршите или некој документ нема да го креирате целосно, бидејќи тоа што ќе го почнете со Galaxy смартфонот ќе го продолжите на големиот екран на Galaxy таблет. Доколку имате Gear S апликацијата Samsung Flow е уште подобредојдена бидејќи дава дополнителна доза на синхронизацијата, но и преносот на функциите на смарт часовникот. 
 
 
Apple со новата верзија на iOs ја промовираше опцијата Continuity која исто така многу лесно ги поврзува iPhone и iPad и кориснциите лесно ги довршуваат активностите со уредот кој повеќе им одговара во моментот.  Освен Samsung со Flow и Microsoft најави сличен принцип на работа во екосистемот на Windows 10 со сите смартфони, таблети и десктоп или лаптоп комјутери. 

Автор: Aleksandar Stankov