telefoni.mk со апликација за сите фанови на смарт технологија

Објавено на 15.11.2014 во Македонски апликации



telefoni.mk со апликација за сите фанови на смарт технологија

Мобилната индустрија привлекува огромно внимание поради ефективноста со која и најсложените идеи ги претвора во реалност и ги прави достапни за сите. Информирањето за новите смартфони и таблети не е само наша пасија, туку и обврска да ви ги пренесеме сите најнови вести, како и да ви го олесниме изборот при купување на нов телефон или инсталирање на апликацијата која ќе ви биде од голема корист. Затоа со новата мобилна апликација на telefoni.mk многу брзо, едноставно и лесно ќе ги добиете сите потребни информации.
 
Telefoni.mk - screenshot
 
Апликацијата telefoni.mk е многу едноставна за користење и ви ги прикажува најновите вести, рецензии за телефони и апликации кои секојдневно се објавуваат, па веднаш може да дознаете што е ново или пак да прочитате наш совет за заштеда на батеријата или за трикови во оперативните системи. 
 
 
Навигацијата низ содржините е многу брза, на предната страна ќе ги прочитате најновите објавени вести, а подолу се наоѓаат рецензиите за телефони, таблети и оперативни системи. Од апликацијата може директно да ја посетите и нашата страна на Facebook, каде може да ги споделите вашите коментари, оценки и прашања. 
 
 
Од левата страна се наоѓа листата на категории со апликации за Android, iOs и Windows, како и мобилни игри. Десно се наоѓа mail сандачето каде може да не контактирате и да ни испратите предлози, идеи и мислења. 
 
 
Автор: Aleksandar Stankov