Google Keep со нова верзија и Material дизајн

Објавено на 15.11.2014 во Android



Google Keep со нова верзија и Material дизајн

Google ги помина речиси сите основни апликации за Android со новиот Material дизајн, а истиот третман го доби и Google Keep една од најдобрите апликации за правење белешки, потсетници и листа со задачи и обврски. Во најновата верзија овозможена е и подршка за смарт часовните со Android Wear. 
 
 
Со Google Keep може да креирате секаков вид на белешки со текст, закачување на слики, како и снимање на аудио потсетници и пораки. Тие што го користат смартфонот на работното место може лесно и брзо да креираат белешка со работните задачи и обврски и потоа да добијат потсетување. 
 
 
Белешките се организирани со приказ на големи наслови и различни бои за веднаш да го најдете тоа што ви е потребно, да поставите локација од мапата на белешките, а потоа може да ги прегледате на смартфонот или пак да ги прочитате во десктоп верзијата на компјутер. 
 
Google Keep - notes and lists - screenshot
 
Доколку досега не сте се сретнале со Google Keep најдобар опис за апликацијата е дека е директен конкурент на Evernote, но предноста е што Google постојано воведува новитети кои може да ги превземете од Play Store, вклучувајќи ја и најновата верзија која е изработена во стилот на Android 5.0 Lollipop, а може да се користи на речиси сите смартфони и таблети.