Новиот Battery Saver за Android е екстра ефикасен

Објавено на 17.11.2014 во Новости



Новиот Battery Saver за Android е екстра ефикасен

Во најновата верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop беше официјализирана новата алатка која претходно беше најавена како Project Volta. Тоа што Google го вети сега и го исполни бидејќи Battery Saver за Android 5.0 Lollipop е екстра ефикасен и обезбедува дополнителни 90 минути активна работа.
 
 
Battery Saver е фантастична алатка која не само што ги деактивира непотребните процеси на смартфонот и ја „држи“ батеријата кога е во критични проценти, туку прави и целосна анализа на начинот на кој го користите смартфонот, циклусите на полнење, потрошувачката од апликациите и активностите и овозможува екстра енергија кога е најпотребно.
 
 
Тоа што го забележаа првите анализи на Battery Saver е дека кога смартфонот е во критичните под 20 проценти батеријата наместо да се потроши за десетина минути, таа издржува и до неколку часа во пасивност или пак до 90 минути во активен режим. Во статистиката исто така ќе најдете корисни информации за начинот на кој се троши батеријата и самите може да воведете подобрувања. 
 
 
Освен Battery Saver на располагање ви се голем број на апликации кои ветуваат чуда при заштеда на батеријата но, од лично искуство можам да кажам дека не вршат никаква работа, освен исклучување на конекциите кои и онака не се пресудни во долготрајноста и само бараат начини како да ве примамат кон претплата за премиум верзијата. Со Battery Saver тоа треба целосно да се промени и се надеваме дека овие подобрувања ќе ги добијат и смартфоните кои не работат на Android 5.0 Lollipop.