Трик како да инсталирате WhatsApp на таблет

Објавено на 17.11.2014 во Туториали



Трик како да инсталирате WhatsApp на таблет

WhatsApp е одлична апликација за допишување но, за жал се уште нема подршка за работа на таблети бидејќи голем дел од нив и не нудат слот за SIM картичка. Бидејќи многумина од вас сакаат да продолжат да се допишуваат и во моменти кога го користат таблетот еве еден едноставен трик како да ја инсталирате WhatsApp.
 
 
Најпрво да напоменеме дека вашиот таблет мора да има слот за SIM картичка бидејќи за регистрација на профил на WhatsApp потребен е телефонски број. Тука се препорачува да купите нова SIM картичка бидејќи бројот што го користите на смартфонот ако го регистрирате на таблетот ќе го изгубите првиот WhatsApp профил. Новата SIM картичка внесете ја во смартфонот и копирајте ги сите контакти од телефонскиот именик.
 
 
Потоа внесете ја картичката во таблетот и отворете ја официјалната страна на WhatsApp од каде може да се симне apk фајлот за Android. За да избегнете сајтот да ве префрли во Play Store од каде не може да ја инсталирате апликацијата користете Chrome или Mozila и побарајте ја десктоп верзијата на сајтот. Тука веќе ќе може да го симнете apk фајлот за WhatsApp кој потоа веднаш се инсталира. 
 
 
Вториот метод е можеби поедноставен и треба apk фајлот да го симнете на PC и на таблетот да го копирате преку USB или да го пратите преку mail. За да го симнете од mail пак ви треба file manager за да го најдете фајлот во downloads. Следен чекор е да овоможите инсталација на фајлови од надворешни извори во менито Settings > Security > Unknown Sources. 
 
 
Оваа опција ја препорачуваме само за проверен софтвер, затоа откако ќе ја инсталирате WhatsApp исклучете ја. Со инсталацијата на WhatsApp на таблетот ќе креирате нов профил и за да се допишувате со пријателите тие треба да го знаат вашиот нов телефонски број.
Автор: Aleksandar Stankov