HTC штанца уште еден Desire 820 смартфон

Објавено на 18.11.2014 во Новости



HTC штанца уште еден Desire 820 смартфон

HTC наскоро ќе промовира нова верзија на Desire 820 која ќе биде за нијанса поевтина од првичниот модел со околу 350 долари и добрата вест е дека ќе ги задржи речиси сите квалитетни компоненти.
 
 
Станува збор за штотуку откриениот HTC Desire 820ws кој ќе има 5.5 инчен HD дисплеј, 13 мегапикселна камера, 2 GB RAM, 16 GB меморија, димензии на телото од 157.7 x 78.74 x 7.74 mm, додека пак единствена промена ќе има во Mediatek процесорот кој наместо 64 битна ќе има 32 битна архитектура. 
 
Смартфонот официјално се очекува да пристигне до крајот на месецот, првенствено во Азија, а подоцна и на останатите пазари.