iPhone 7 ќе има камера со две леќи

Објавено на 20.11.2014 во Новости



iPhone 7 ќе има камера со две леќи

Apple подолго време не направил значаен скок во кавлитетот на iSight на камерата која со мали подобрувања во леќата се уште располага со само 8 мегапиксели. Секако, тоа не е голем недостаток бидејќи сликите и видеата се прилично добри, но во време кога конкурентите одат неколку чекори напред време и Apple да ја подобри понудата.
 
 
Според првите сознанија на аналитичарот Џон Грубер во Apple се шушка за нов модул на камерата со две леќи кои ќе донесат значително подобрување на можностите на iSight камерата на iPhone 7. Повеќе детали не се познати, но добро е што корисниците на Apple ќе имаат што да очекуваат во премиум понудата во 2015-та.
 




Прочитајте повеќе: