Видео: Samsung Galaxy Note 3 работи со Android Lollipop

Објавено на 20.11.2014 во Новости



Видео: Samsung Galaxy Note 3 работи со Android Lollipop

Samsung Galaxy Note 3 e четвртиот смартфон на Samsung за кој официјално се потврдува дека ќе добие надградба со најновата верзија на оперативниот систем Android Lollipop, а тоа е потврдено и во најново видео на кое е прикажана тест верзијата на софтверската надградба.

Претходно имавме можност да видиме како Android Lollipop ќе се вклопи во TouchWiz интерфејсот на Samsung кај премиум модели Samsung Galaxy S5, Note 4 и Galaxy S4, па според првите импресии може да се каже дека постигната е голема синхронизација на различните елементи од софтверот, како и одлична брзина и ефикасност во транзициите низ менито.
 
lollipop-note-3-1
 
Надградбата со Android Lollipop за најквалитетните Samsung Galaxy смартфони ќе биде завршена во текот на декември, а останатите модели ќе треба да почекаат до почетокот на 2015 година.
Автор: Aleksandar Stankov