Влезете во Loop на Македонски Телеком

Објавено на 20.11.2014 во Македонски апликации



Влезете во Loop на Македонски Телеком

Loop е одлична апликација на Македонски Телеком која служи како виртуелен хардиск или подобро кажано „облак“ за складирање на мултимедијални содржини кои може да ги користите од различни електронски уреди.
 
Loop - screenshot
 
На cloud сервисот Loop на Македонски Телеком може да закачувате слики и видеа, кои може да ги поставувате во категории, албуми и колекции за да имате поголем и подобар преглед, како и да не се грижите дали ќе ви се избришат.
 
Loop - screenshot
 
 
 
Loop исто така може да се инсталира и на Max TV уредите со регистрација на кодот и потоа ќе може на телевизорот да ги користите сите складирани содржини од вашите мобилни телефони.