Голема желба за HTC Desire 820s во Кина

Објавено на 21.11.2014 во Новости



Голема желба за HTC Desire 820s во Кина

HTC подолго време се обидуваше да го „дешифрира“ кинескиот пазар со голем број на различни модели на не баш евтини и потпросечни смартфони, но тоа конечно му успеа со најдобрата понуда досега преку HTC Desire 820s. Во само првиот ден на пуштање во продажба забележан е рекорден интерес од 1.2 милиони потенцијални купувачи.
 
 
Тоа е доволно за HTC да биде задоволен од промоцијата на Desire 820s кој ќе се продава по цена од околу 300 долари. За тие пари нуди квалитетен 5.5 инчен HD дисплеј, солиден осум-јадрен Mediatek процесор со 64 битен капацитет, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера, селфи камера со 8 мегапиксели, LTE конекција, BoomSound стерео звучници и батерија со капацитет од 2600mAh.