Џабе апликација кога никој не тргува на берза

Објавено на 26.11.2014 во Македонски апликации



Џабе апликација кога никој не тргува на берза

Апликацијата СЕИ Нет на Македонска берза беше лансирана уште во мај годинава, но речиси шест месеци подоцна интересот за нејзино превземање е многу мал, барем така покажуваат статистиките во Play Google и App Store каде има од 100 до 500 превземање. Малиот број на корисници укажува на фактот дека македонските граѓани или ретко тргуваат со акции на берза или пак мобилните апликации се уште не им се приоритет.
 
 
Што се однесува до СЕИ Нет на Македонска берза наша оценка е дека станува збор за едноставна, но квалитетна апликација со едноставен интерфејс, поделба на информациите во три категории и можност за добивање на известувања од листата на регистрирани фирми. 
 
 
Во делот најнови вести се прикажуваат финансиски извештаи од работата на акционерските друштва и други области. Во категории може да добиете преглед на сите видови на финансиски извештаи, биланси на успех, донесени одлуки и редовни активности. 
 
 
Апликацијата СЕИ Нет на Македонска берза може бесплатно да ја инсталирате и користите за Android од Google Play и за iOs од App Store.