Имате ли желба за HTC Desire 620

Објавено на 28.11.2014 во Новости



Имате ли желба за HTC Desire 620

HTC не престанува со изненадувања во серијата на смартфони од средната класа каде најнов модел ќе биде  HTC Desire 620 сосема квалитетен за да го привлече вашето внимание, а можеби и да ве убеди да го купите поради ниската цена од околу 250 евра без склучен договор.
 
 
HTC Desire 620 за кратко исплива на површина доволно за да се откријат неговите спецификации. Смартфонот ќе има 5 инчен HD дисплеј, 64 битен Snapdragon 410 процесор од 1.3 GHz со 4 јадра, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 8 мегапикселна главна и одлична 5 мегапикселна селфи камера, како и батерија со капацитет од 2100mAh.
 
 
Според првите информации HTC Desire 620 ќе работи на оперативниот систем Android 4.4.4 KitKat, но набрзо ќе добие и надградба до Android 5.0 Lollipop.