Huawei го исплука Microsoft

Објавено на 03.12.2014 во Новости



Huawei го исплука Microsoft

Huawei очигледно е незадоволен од соработката со Microsoft и пласманот на смартфони и таблети со оперативен систем Windows, по што Џо Кели директорот за глобални комуникации изјави дека не заработиле ниту денар. Спред Кели ниту еден партнер на Microsoft во изминатиот период не заработил ништо од продажбата на Windows Phone уреди, што е прилично остра изјава.
 
 
Huawei подолго време го нема на американскиот пазар поради притисокот кој го изврши NSA со наводите дека компанијата ги шпионирала корисниците во корист на кинеската влада и продолжување со соработката со Microsoft според нив нема да им помогне да се вратат во САД. 
Автор: Aleksandar Stankov