Стариот Motorola Moto G добива Lollipop

Објавено на 04.12.2014 во Новости



Стариот Motorola Moto G добива Lollipop

Motorola е еден од најблиските партнери на Google и сосема очекувано е да добие голема подршка кога е во прашање надградбата со најновата верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop. Исто така Motorola важи за компанија која е верна на своите корисници и затоа нема никакви пречки за ланскиот модел од средната класа Moto G да добие нов софтвер.
 
 
Moto G во 2013 година беше примен како еден од најисплатливите смартфони во средната класа бидејќи за цена од околу 150 долари понуди 4.7 инчен дисплеј, четири-јадрен процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 5 мегапикселна камера. Со овие компоненти сосема солидно ќе може да работи со Android 5.0 Lollipop кој носи дополнителна оптимизација и поефикасно извршување на операциите. Надградбата треба да се реализира до крајот на годината.