Apple не им верува на роботите за iPhone

Објавено на 07.12.2014 во Новости



Apple не им верува на роботите за iPhone

Кинеските медиуми пренесуваат дека фабриката Foxconn се соочува со големи проблеми откако набави илјадници роботи за изработка на новите модели на iPhone, но инвестицијата ќе им пропадне бидејќи Apple не е задоволен од нивната ефикасеност.
 
 
Apple очекува неверојатна прецизност при склопувањето на моделите на iPhone и iPad, а роботите се уште не се усовршени до тој степен и не може да ја заменат огромната работничка армија на Foxconn.
 
 
Корисниците може да бидат мирни и задоволни бидејќи нивните уреди се квалитетно изработени, додека пак Foxconn ќе треба да се справи со кинеските власти кои ќе ги заострат мерките за работничките права, а Apple нема да дозволи употреба на роботи во производството во наредните години.




Прочитајте повеќе: