Внимавајте на Wi-Fi конекцијата за повеќе батерија

Објавено на 08.12.2014 во Туториали



Внимавајте на Wi-Fi конекцијата за повеќе батерија

Досега многумина се водат според правилото дека исклучено Wi-Fi кога не е ви е потребно ја заштедува батеријата и тоа е донекаде точно но, зависи од самата ситуација. Новите смартфони имаат подобри Wi-Fi протоколи кои се постабилни и помалку ја трошат батеријата, па затоа треба да го користите според неколку основни параметри.
 
 
Доколку дома често користите Wi-Fi конекција и потоа истото го правите на работното место, нема потреба за кратко да ја гасите па повторно да ја вклучувате конекцијата, бидејќи нема нешто значително да се рефлектира на батеријата.
 
 
Од друга страна пак, ако сте на подолго патување смартфонот постојано ќе бара најблиска Wi-Fi мрежа на која ќе може да се конектира, но бидејќи сигналот е наменет за мала област постојаното вклучување, исклучување може да ја троши батеријата. 
 
Исто така Wi-Fi мрежите во градски средини најчесто се приватни и заклучени, па немате потреба од Wi-Fi, а доколку ви треба интернет користете ја мобилната конекција. Според анализите мобилните конекции многу повеќе влијаат на трошењето на енергија, па затоа кога не ви е потребен интернет исклучете ја мобилната конекција.