HTC Desire 620 ќе биде празничен подарок за Европа

Објавено на 10.12.2014 во Новости



HTC Desire 620 ќе биде празничен подарок за Европа

Неодамна најавениот HTC Desire 620 смартфон конечно е потврдено дека, покрај во Азија ќе се продава и во Европа и тоа за време на празничната сезона во јануари 2015 година. Ова е одлична вест за фановите на брендот HTC бидејќи ќе имаат можност да купат Desire смартфон со новата 64 битна технологија.
 
 
HTC Desire 620 работи токму на новиот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 410 процесор од кого се очекуваат многу подобри перформанси во средната класа, како и одлично вклопување со системот Android 5.0 Lolipop при што целосно ќе може да се искористи потенцијалот на 64 битни апликации.
 
 
Покрај тоа HTC Desire 620 може да се пофали и со 5 инчен HD дисплеј, 8 мегапикселна главна камера, одлична 5 мегапикселна селфи камера, 1 GB RAM, 16 GB меморија, слот за microSD картичка, 4G LTE конекција, како и батерија со капацитет од 2100 mAh.