Vivo X5 Max е нов рекордер со 4.75 милиметри

Објавено на 16.12.2014 во Новости



Vivo X5 Max е нов рекордер со 4.75 милиметри

Радоста на Oppo R5 како најтенок смартфон на планетата со 4.85 mm не траеше долго бидејќи веднаш беше најавен Vivo X5 Max кој го надмина ова дизајнерско чудо со уште потенко тело од само 4.75 mm. Смартфонот исто така е изработен од метални елементи, но Vivo не се обидува да докаже колку цврст, туку ја прикажува неговата генијална внатрешност.
 
 
Vivo X5 Max има 5.5 инчен Super AMOLED дисплеј со Full HD резолуција, осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 615 процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2000 mAh и 4G LTЕ конекција, што е речиси идентично како и Oppo R5, но со поефикасен распоред на компонентите. 
 
 
Vivo X5 Max ќе влезе во продажба на 21 декември по цена од околу 600 долари, а колку долго ќе го држи рекордот зависи од Oppo или некој друг кинески бренд кој ќе посака да возврати на ударот.
 




Прочитајте повеќе: