Официјално ZTE Star 2 - Супер смартфон за 300 евра

Објавено на 19.12.2014 во Новости



Официјално ZTE Star 2 - Супер смартфон за 300 евра

Како што беше планирано ZTE го промовираше новиот смартфон во високата класа ZTE Star 2 кој е супер квалитетен, а главен фокус е ставен на гласовното управување и може речиси сите акции да ги започнете со гласовни команди како на пример воспоставување на повик или активирање на камерата.
 
 
ZTE Star 2 има 5 инчен Full HD дисплеј, работи на четири-јадрениот Snapdragon 801 процесор од 2.3 GHz, со 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2300 mAh, како и 4G LTE конекција.
 
 
Новата ѕвезда на ZTE е лансирана во Кина по цена од околу 300 евра и се очекува во јануари ZTE Star 2 да започне и со интернационалниот пласман, па се надеваме дека цената ќе се одржи на истото ниско ниво.