Хакерите го открија и Sony Xperia Z4

Објавено на 22.12.2014 во Новости



Хакерите го открија и Sony Xperia Z4

Sony Pictures претрпе голем хакерски напад во кој беа октриени голем број на податоци за компанијата, меѓу кои и меил комуникација меѓу директорите, продуцентите и филмските ѕвезди но, немаше ништо откриено од посебната дивизија Sony Mobile. 
 
 
Сепак, хакерите открија меил кореспонденција во која се споменува новиот премиум модел на Sony Xperia Z4 кој треба да биде промовиран во новиот Џејмс Бонд филм. 
 
 
Директорите на Sony Mobile сакаат се уште необјавениот Sony Xperia Z4 да биде главен телефон на тајниот агент 007 и да добие голема промоција во филмот Spectre, а за тоа нудат и огромен буџет од 18 милиони долари, па дури се наведува дека ќе побараат и мислења за дизајнот од актерот Даниел Крег и режисерот Сем Мендес.
 
 
Бидејќи смартфонот се уште не е промовиран се споменува неговиот дизајн кој ќе биде нешто ново и освежено од досегашната серија и се нарекува ELEMENTAL, а ќе биде екстра тенок, со метална конструкција и нова естетика.