Откриен нов ѕвер на Huawei со огромен екран

Објавено на 22.12.2014 во Новости



Откриен нов ѕвер на Huawei со огромен екран

Додека сите се подготвуваат за новогодишните одмори Huawei работи без прекин и веќе промовираше или најави неколку екстра смартфони, а најнов во оваа серија е Huawei Ascend GX1 кој за прв пат е откриен на сајтот на кинеската агенција TEENA и ветува интересна понуда за средната класа.
 
 
Ascend GX1 ќе има огромен 6 инчен екран со резолуција од 720 x 1280 пиксели, четири-јадрен процесор од 1.4 GHz кој најверојатно ќе биде изработен од  Mediatek со 64 битен капацитет, потоа 1 GB RAM, 8 GB меморија, слот за мемориска картичка 8 мегапикселна камера, 4G LTE конекција, како и супер батерија од дури 3500 mAh. 
 
 
Со овој сетап Ascend GX1 би бил еден од најдобро склопените „Годзила“ смартфони и со цена од околу 300 евра може да биде прилично атрактивен во високата класа, односно би го заменил Sony Xperia Z Ultra како најефикасен 6 инчен Android.