HTC со голем празничен попуст за сите смартфони

Објавено на 24.12.2014 во Новости



HTC со голем празничен попуст за сите смартфони

HTC започна со прославата на новогодишните празници нудејќи им на купувачите попуст од 20 проценти кој може да го искористат за купување на смартфон преку нивната официјална веб страна.
 
 
Купувачите откако ќе го одберат својот смартфон треба да го внесат кодот HTCHoliday20. На располагање имате повеќе модели како на пример HTC One M8 сега чини 519 долари, HTC One E8 се продава по 399 долари, а камера смартфонот HTC Desire Eye по 439 долари. Попустот ќе важи до 2 јануари.