Ајде викни такси со CLAXI

Објавено на 25.12.2014 во Македонски апликации



Ајде викни такси со CLAXI

За прв пат во Македонија не ви е потребен телефонски повик за да повикате такси! Отсега тука е Claxi, нова бесплатна мобилна апликација, која е достапна за сите корисницина Android, а насскоро и за корисниците на IOS. Claxi за почеток ќе функционира на територија на Скопје и Куманово, а понатаму треба да профункционира и за другите градови во Македонија и пошироко.

Claxi - Click for Taxi - screenshot


Повикувањето такси никогаш не било полесно. Повиците, чекањето и високите цени стануваат минато со оваа нова мобилна апликација. Claxi ви овозможува со едноставен клик, да одберете такси според цената која ви е понудена од страна на самиот таксист, освоениот рејтинг на таксистот кај претходните корисници или избор според времето на чекање на таксистот.

Claxi - Click for Taxi - screenshot

Од друга страна пак, таксистите ќе имаат можност за повеќе повици, директна комуникација со патниците, полесно лоцирање на истите, намалување на празните километри и можност самите да си ја одредат цената и попустот, како и да приложат дополнителни информации за моделот на возилото(слика), бројот на возилото и регистарските таблички, бојата, дали возилото е климатизирано или не, информации за возачот (слика), име и презиме на возачот, име на компанијата и време на чекање.

Claxi - Click for Taxi - screenshot

Поедноставување и подобрување на такси превозот во регионот е целта на Claxi. Превземете ја оваа бесплатна супер-едноставна апикација за Android од Google Play и уживајте во нејзините поволности. Посетете ја www.claxi.net и информирајте се за сите детали околу апликацијата.