Совет за максимална батерија на смартфонот

Објавено на 26.12.2014 во Туториали



Совет за максимална батерија на смартфонот

Досега сигурно ви се познати голем број на совети како да ја заштедите батеријата на смартфонот во смисла да ги гасите конекциите кога не ви се потребни, да поставите едноставна или црна позадина и да внимавате со употребата на надворешни полначи. Во овој туторијал сепак, ќе се задржиме повеќе на третманот на самиот смартфон и како најдбро да ја искористите батеријата.
 
 
Прво и основно е полнењето и празнењето на батеријата и тука ќе чуете многу неточни тврдења дека истата треба да се испразнува до крај пред повторно да се наполни за да не дојде до т.н. батериска меморија. 
 
Во овој случај кај одредени уреди доаѓа до „заборавање“ на батеријата за нејзиниот капацитет ако постојано се полни и празни до крај, но тоа не важи за li-ion батериите кои всушност треба да се третираат поинаки. 
 
 
Доволно е само еднаш во месецот целосно да ја испразните, а за останатите денови полнете ја што е можно почесто, за да не дојде до нејзино „трошење“ при работа со помало количество енергија. li-ion батериите имаат уште една предност со полначот кој откако ќе ја заврши работата ја прекинува активноста и не може да дојде до прегревање. 
 
За да се постигне најдобар ефект се препорачува и да не го држите смартфонот постојано на полначот, па и ако не достигне идеални 100 проценти кога ќе ви притреба не се двоумете и добро е да го користите и со 80 и 90 проценти полна батерија.