Apple го одбра најдоброто од 2014 година

Објавено на 26.12.2014 во iOs



Apple го одбра најдоброто од 2014 година

Apple ја откри листата на најдобри и најпопуларни апликации за 2014 година кои повеќе се базираат на бројот на превземања отколку на нивниот вистински квалитет и оценки од корисниците. Затоа без никакво изненадување прва на листата е Facebook Messenger која голем број на корисници беа принудени да ја инсталираат за да може да испраќаат пораки. 
 
 
Зад Facebook Messenger се најдоа Snapchat, YouTube, Facebook и Instagram со што се потврдува доминацијата на социјалните мрежи и во 2014 година. 
 
 
Во делот на игрите за смартфон и таблет се издвоија повеќе наслови кои се во суштина бесплатни, но за одредени додатоци се доплаќа па затоа се најдоа и на двете листи на бесплатни и платени игри. Очигледно на фановите најмногу им се допадна Heads Up изработена од Warner Bros која се најде на двете листи, а истото важи и за хитот меѓу најмладите Clash of Clans.
 
 
Од останатите игри се издвоија и Game of War која засилено ја промовораше топ моделот Кејт Аптон, потоа Minecraft, екстра заразната Candy Crush Saga, Plague inc и Big Fish Casino.
Автор: Aleksandar Stankov