Први детали за Huawei Ascend P8

Објавено на 26.12.2014 во Новости



Први детали за Huawei Ascend P8

Huawei ја има можеби најпотценетата премиум серија која веќе има два смартфони зад себе бидејќи малкумина знаат за оваа одлична понуда со супер квалитетни и за нијанса поевтини уреди. Huawei очигледно е задоволен од досегашниот пласман па затоа оди и на трета среќа со Huawei Ascend P8 кој ќе го задржи прекрасниот дизајн со висок стил, квалитетниот дисплеј и моќниот хардвер.
 
 
Првите детали за Huawei Ascend P8 велат дека ова ќе биде вториот смартфон кој ќе има дисплеј со заштита од сафир, додека пак резолуцијата ќе биде подигната на Quad HD стандардот што ќе биде интересно да се види. Телото повторно ќе има метални елементи со рамка од алуминиум, а големината најверојатно ќе оди над 5 инчи.
 
 
Huawei Ascend P8 ќе го користи новиот осум-јадрен HiSilicon Kirin процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, камера со 13 или 16 мегапиксели и батерија со капацитет над 3000 mAh. Huawei Ascend P8 се очекува да пристигне кон средината на 2015 година, а повеќе детали можеби ќе бидат откриени следниот месец на CES во Лас Вегас.