Oppo крие нов адут за 2015 година

Објавено на 27.12.2014 во Новости



Oppo крие нов адут за 2015 година

Oppo неодамна го претстави Oppo R5 кој можеше за кратко да се пофали дека е најтенкиот смартфон на светот со само 4.85 милиметри, но понудата нема да застане овде бидејќи се подготвува нов смартфон, овој пат во поевтината класа кој веќе ги помина основните тестови.
 
 
Станува збор за смартфонот Oppo R8200 кој ќе има 5 инчен дисплеј со HD резолуција, ќе користи осум-јадрен процесор од 1.8 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 4G LTE конекција, 13 мегапикселна камера на задната страна, 5 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3000 mAh и повеќе квалитетни додатоци.
 
 
Со овој сетап Oppo R8200 и секако ефикасениот дизајн и тенкото тело ќе биде прилично атрактивен во средната класа и со цена од околу 250 евра може да постигне голем успех кај купувачите. 
Автор: Aleksandar Stankov