Совет за активација на менито за левораки на Android

Објавено на 28.12.2014 во Туториали



Совет за активација на менито за левораки на Android

Управувањето со смартфонот за левораките не е воопшто тешко бидејќи многумина се навикнати да ги користат и двете раце но, доколку имате проблеми со навигација на менито има посебна опција која ќе го прилагоди интерфејсот.
 
 
Најпрво треба да го активирате менито Developer options со притискање на лентата Build number која се наоѓа во секцијата About Phone. На овој начин ви се отвора ново мени со голем број на додатни прилагодувања кои се наменети пред се Android девелопери, но и вообичаените корисници може да најдат алатки кои им се потребни, како што е Force RTL layout direction, наменета токму за левораките.
 
 
Откако ќе ја активирате опцијата Force RTL layout direction менито на смартфнот ќе се прилагоди за работи со левата рака, односно главните икони, статусни информации и копчиња за брзи активации ќе се преместат на левата страна за да ви бидат поблиску и полесно да ги управувате.