Најубавото видео направено во вселената

Објавено на 29.12.2014 во Новости



Најубавото видео направено во вселената

Астронаутите од Меѓународната вселенска станица имаат неверојатна привилегија да ја набљудуваат нашата планета од импресивна гледна точка, па благодарение на Александар Герст од мисијата Blue Dot го добиваме досега убедливо најубавото видео снимено од вселената, со неверојатен приказ на Земјата и сите активности на „Мир“.
 
Time Lapse Videos Capture The True Beauty Of Space At 17,150 MPH
 
Александар Герст е астронаут од Германија кој поминал шест месеци во МВС заедно со екипажот составен од Макс Сураев од Русија и Рид Вајсман од САД, па престојот го искористил за монтирање на камера која снимала во 4K резолуција и за импресивното Time Lapse видео се искомбинирани 12.500 снимки. Погледнете и уживајте.